Балкан

YTB додели училишен прибор за децата во Северна Македонија

Озчелик во изјава за АА истакна дека тие како YTB вршат различни културни и образовни активности во земјите каде живеат нивни сонародници, како и дека Северна Македонија се наоѓа на чело на земјите на Балканот каде тие вршат интензивни активности

Seyyid Emin  | 17.09.2019 - Обновена : 18.09.2019
YTB додели училишен прибор за децата во Северна Македонија (Foto: Seyyid Emin/ AA)

ВЕЛЕС (АА) - Со поддршка на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), во организација на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), денес во различни градови во источниот дел на Северна Македонија беа доделени 2.000 чанти и училишен прибор за турските ученици во овие подрачја, јавува Anadolu Agency (AA).

Доделувањето започна во Велес, Карбинци, Штип, Радовиш, Струмица како и во околните подрачја, во кое учествуваа Кенан Озчелик, претставник на YTB од Турција, како и претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин.

Озчелик во изјава за АА истакна дека тие како YTB вршат различни културни и образовни активности во земјите каде живеат нивни сонародници, како и дека Северна Македонија се наоѓа на чело на земјите на Балканот каде тие вршат интензивни активности.

Истакнувајќи дека во наредниот период ќе продолжат и ќе ги зголемат нивните активности во оваа земја, Озчелик на учениците им посака успешна учебна година.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Емин, истакна дека со години реализираат различни едукативни активности и дека денес ги посетиле овие подрачја во источниот дел на земјата за да им помагаат на нивните сонародници.

Емин рече дека имаат за цел да го поддржат образованието на турски јазик, како и турските ученици во земјата, упатувајќи благораност до YTB и нивниот претседател, Абдулах Ерен, поради доделената помош.

Доделувањето на училишниот прибор ќе продолжи и во наредните денови во Скопје како и во западниот дел на Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın