Furkan Naci Top
06 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
АТИНА (АА) - За време на демонстрациите на учениците во основните и средните училишта во Грција, организирани поради промените во образовниот систем, фрлен е молотов коктел на Парламентот во Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 500 ученици на плоштадот Сингатма, демонстрираа против промените во образовниот сектор, а група маскирани лица фрли молотов коктел во пред Парламентот.
Притоа нема повредени лица.
Учеснииците протестираа, меѓу останатото, против трошоците за образованието, спојувањето на училиштата и отпуштањето на одредени наставници.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не допирајте ги нашите училиштата“.