Saimir Alija
16 Јануари 2020•Ажурирај: 18 Јануари 2020
ТИРАНА (АА) - Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеи, денеска беше пречекан на средба од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).
По средбата Рама и Вархеи одржаа заедничка прес-конференција, на која Рама нагласи дека Албанија ги откри своите вистински пријатели на денот на трагедијата по земјотресот кој се случи во земјата, и дека европскиот комесар лично се заинтересирал и ангажирал за ситуацијата по земјотресот.
Од друга страна, комесарот Вархеи истакна дека силно работат за отворање на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.
Според него, сега веќе е готова платформата и методологијата за отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија, и изрази надеж дека преговорите ќе се отворат пред Самитот во Загреб.
„Проширувањето и Западниот Балкан се приоритет. Посакуваме да имаме повеќе влијание и да бидеме важен партнер со регионот. Ќе работам силно со вас за тоа да стане реалност. Ќе продолжиме да ја сметаме Албанија како земја која е подготвена. Ќе работиме силно за тоа да се случи пред Самитот во Загреб“, рече Вархеи.
Рама и Вархеи по прес-конференцијата ги посетија зоните погодени од земјотресот кој се случи на 26 ноември во Драч.