Fatjon Cuka
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
ТИРАНА (АА) - Албанија денеска беше погодена од земјотрес кој предизвика паника кај граѓаните на оваа земја, а земјотресот е почувствуван и во Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните податоци на Институтот за геонаука, енергетика, води и животна средина на Албанија (IGJEUM), земјотрес со јачина од 5,2 степени изутрина ја погоди албанската област Горица.
Институтот за геонаука, енергетика, води и животна средина на Албанија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во село Мирас, на длабочина од 25 километри, а потреси се случиле и во другите градови.
Сѐ уште нема официјални информации за можни штети од земјотресот.
Од друга страна, земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел на Северна Македонија.
Земјотрес со интезитет од четири степени сперед Европската макросеизмичка скала утринава е почиствуван од населението во Охрид, Струга, Битола Ресен и околината. Во Скопје земјотресот е почувствуван со интензитет од три степени.
Потсетуваме, Тирана и другите градови на Албанија на 21 септември беа погодени од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, кој беше опишан како најсилниот земјотрес во последните 20-30 години.