Vesna Besiç
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
САРАЕВО
Судот во Босна и Херцеговина го осуди на 20 години затвор поранешниот српски војник Радомир Шушњар, кој беше обвинет за воено злосторство против цивилното население во Вишеград во 1992 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Радомир Шушњар со првостепена пресуда е обвинет за учествување во воено злосторство кога во куќа во Вишеград, присилно се затворени и запалени 57 цивили од бошњачка националност од подрачјето на Вишеград.
Обвинението го товари Радомир Шушњар дека за време на вооружениот конфликт и војната во Босна и Херцеговина, меѓу Армијата на Република Босна и Херцеговина и Војската на Република Српска на подрачјето на општина Вишеград во јуни 1992 година, заедно со Милан Лукиќ и Средоје Лукиќ, како припадници на паравоена формација, учествувале во напад и нечовечно постапување и грабеж на имот на населението со влегување во приватна куќа каде што претходно биле донесени цивили Бошњаци од селото Коритник.
Од Судот на БиХ претходно беше соопштено дека војниците на цивилите им наредиле во колона да ја напуштат таа приватна куќа и да се префрлат во друга, каде што биле принудени да влезат во просторија во приземјето од куќата, а Шушњар ја заклучил вратата. Потоа Милан Лукиќ пуштил запалива експлозивна направа во просторијата, а Радомир Шушњар фрлил рачна граната додека сите истовремено пукале од огнено оружје со цел да ги спречат цивилите да избегаат.
Претходно, Милан Лукиќ доби доживотен затвор додека Средоје Лукиќ беше осуден на 27 години затвор.
Уапсен во Франција во 2014 година, Шушњар беше екстрадиран во Босна и Херцеговина во јуни минатата година.