Zülfiya Yakup
01 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
ПРИШТИНА (АА) - Заменик-помошникот на државниот секретар на САД и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Приштина се состана со претседателот на Косово, Хашим Тачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Палмер со Тачи се состана во зградата на Претседателството на Косово. Од Претседателството се очекува на медиумите да им биде проследено соопштение од тој состанок.
Палмер претходно во Амбасадата на САД во Приштина се состана со лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа и со потпретседателката на таа партија, Вјоса Османи. Како што е соопштено од Демократскиот сојуз на Косово (LDK), за време на состанокот е разговарано за прашањето кое Демократскиот сојуз на Косово го гледа како приоритет за идните институции, како што се владеењето на законот, екононсмкиот развој и дијалогот меѓу Косово и Србија.
Во соопштението се додава дека специјалниот претставник Палмер во таа пригода зборувал за тоа како Косово може да го отвори патот на мирот со сеопфатен договор со Србија.
Специјалниот претставник Палмер ќе се состане и со останатите политички лидери, а како што е најавено од Американската амбасада, денеска попладне ќе се обрати на студентите и претставниците на цивилното општество на Косово во Народната библиотека во Приштина. По говорот, Палмер ќе одговара на прашањата на публиката.