Agim Sulaj
04 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 9 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.915, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 680 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 93.655.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 4.086 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 443.122 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 77.433 лица. Во моментов во земјата има 14.307 активни случаи.