ИСТАНБУЛ (АА) - Емре Ершен - Со инаугурацијата на Доналд Трамп како претседател на САД на 20 јануари, се очекува да се создаде напредок во односите меѓу САД и Русија, кои значително се влошија во изминатите години, за време на претседателствувањето на Барак Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако првично Обама ја следеше политиката на „ресетирање“, во насока на обновување на односите меѓу Вашингтон и Москва, таа политика беше напуштена по 2012 година, по руската анексија на Украина и растечкиот конфликт во Сирија.
Во вакви услови, беше значајно тоа што за време на претседателската кампања Трамп постојано изразуваше восхит за Владимир Путин и изјави дека ќе го разгледа укинувањето на американските санкции изречени за Русија во врска со нејзината вмешаност во Украина.
Откако Трамп победи во претседателската трка во ноември, Путин беше еден од првите лидери што му честитаа за победата.
Уште еден знак за пријателскиот пристап на Трамп кон Москва е тоа што го одбра Рекс Тилерсон, извршен директор на „Ексон Мобил“, како кандидат за негов државен секретар. Тилерсон е познат по тоа што е близок со Путин и со Игор Сечин, шеф на нафтениот гигант „Роснефт“ и близок сојузник на Путин.
Овие врски беа нагласени во 2013 година, кога Путин на Тилерсон му додели Орден за пријателство.
Веројатноста за блиски односи меѓу Белата куќа и Кремлин дојде кога Средниот Исток продолжи да доминира во односите меѓу САД и Русија. Некои веруваат дека ветувањето на Трамп дека ќе ја направи Америка повторно голема, има значајни импликации за надворешната политика на Средниот Исток и би можело да се види дека Трамп игра многу поактивна улога во регионот за разлика од Обама.
Иако Советскиот Сојуз уживаше значајно влијание на Средниот Исток за време на Студената војна, Русија не успеа да игра значајна улога во регионот во 90-тите години поради домашните проблеми.
Сепак, откако Путин дојде на власт во 2000 година, тој го промени тој став и работеше на подобрување на политичките, воените и економските односи на Москва со земјите како Турција, Иран и Сирија. Во тој период, Русија исто така стана поактивна во конфликтот меѓу Палестина и Израел и истовремено ги подобри односите со Хамас и со Тел Авив.
Пресвртната точка во растечкото влијание на Русија на Средниот Исток, сепак, дојде со сириската граѓанска војна.
Додека Вашингтон се воздржа да распореди трупи на теренот и се ограничи во обезбедувањето воена поддршка за опозицијата, ДЕАШ успеа да зафати поголеми делови од териториите во Сирија и во Ирак.
- Враќањето на Русија на Средниот Исток -
Спротивно на тоа, Москва и Техеран дадоа значајна воена поддршка на режимот на Башар ал Асад, чие владеење беше одбиено од страна на Вашингтон и неговите сојузници.
Во август 2013 година, „црвената линија“ на Обама беше надмината кога стотици цивили беа убиени во напад со гас сарин во Гута, предградие на Дамаск. За ракетните хемиски напади беа широко обвинети силите на Асад, иако режимот продолжи да ги негира таквите обвинувања.
САД не презедоа воена акција и да постигнат договор со посредство на Москва во однос на хемиското оружје на Асад.
Геополитичката празнина создадена од пасивноста на Обама во однос на Сирија во голема мера беше пополнета од Путин, кој започна директни воздушни напади за да го поддржи режимот на Асад во септември 2015 година.
За нешто помалку од една година, руската интервенција му овозможи на Асад да постигне значителна предност над своите противници, и ѝ дозволи на Русија да се здобие со воена воздухопловна база во Латакија и да го модернизира својот поморски објект од Советската ера во Тартус.
Москва, исто така, го зголеми своето дипломатскo влијание во меѓународните преговори за Сирија, како и својата регионална моќ преку зајакнувањето на односите со Иран, Египет и со Израел. Дури и во Багдад, каде што САД имаат значајно политичко и воено влијание од 2003 година, Русија и Иран воспоставија регионален центар за координација на борбата против ДЕАШ.
Трамп за време на кампањата покажа во која насока би се одвивала неговата идна политика кон Блискиот Исток.
Што е најважно, тој сигнализираше дека фокусот на Вашингтон во Сирија ќе се префрли понатаму кон борбата против ДЕАШ, наместо кон поддршка на опозицијата или обиди за отстранување на Асад од власт.
Критикувајќи ја политиката на Обама за Сирија, тој ги рече дека САД се поддржувачи на бунтовниците во Сирија, а немаат поим кои се овие луѓе. Не е за изненадување тоа што Асад го поздрави изборот на Трамп и изјави дека САД би можеле да станат природен сојузник во борбата против тероризмот.
Трамп исто така посочи дека ќе постигне договор со Путин за пораз на ДЕАШ. Бидејќи двете земји претходно соработуваа против Ал Каеда и Талибанците во Авганистан, таков договор не е тешко да се постигне во краток временски период.
- Соработници моќници -
Зближувањето меѓу Трамп и Асад нема да биде изненадување со оглед на тоа што се знае дека новоизбраниот претседател е отворен кон идејата за соработка со регионалните моќници. Тој веќе има развиено добри односи со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, на пример.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така треба да биде задоволен бидејќи Трамп претходно ги обелодени своите намери за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим и усвои произраелски став во однос на мировниот процес со Палестина.
Бидејќи и Путин исто така е во добри односи со Сиси и Нетанјаху, вклучувањето на Трамп како уште еден моќник во оваа слика може да го отвори патот за нов регионален дијалог меѓу Москва и Вашингтон.
Сепак, прашањето за Иран најверојатно ќе ја искомплицира соработката меѓу САД и Русија на Блискиот Исток во краток временски период бидејќи Трамп и водечките членови на неговиот тим остро го критикуваа режимот во Техеран и нуклеарниот договор потпишан во 2015 година.
Трамп кажа дека договорот е катастрофален и изјави дека ќе го искине штом стапи на должност, но тесната соработка на Иран со Русија значи дека тоа ќе биде голем предизвик за Трамп во однос на подобрувањето на односите со Русија додека настојува да го казни Иран.
Постојат и други противречности во изјавите на Трамп за Блискиот Исток.
Тој во неколку наврати изјави дека Саудиска Арабија и другите држави од Персискиот Залив треба да платат повеќе поради безбедносната заштита што ја добиваат од САД. Неговиот помек став кон Асад, исто така, предизвика загриженост во Ријад, бидејќи саудиската влада е силен поддржувач на сириската опозиција, заедно со Турција и Катар.
Во исто време, спротивставувањето на Трамп на Техеран ќе биде многу попосакуван развој за Ријад, особено кога постепено ја губи позицијата во Сирија и Јемен во однос на регионалниот ривал Иран.
Несомнено е дека таквите противречности, заедно со познатата непредвидливост на Трамп, внимателно се следат од страна на Кремљ. Иако постои одреден степен на афинитет меѓу Трамп и Путин, воинствените републикански фигури кои се очекува да доминираат во кабинетот на Трамп, најверојатно ќе го наговорат да следи поцврст став во однос на Русија и Блискиот Исток.
Иднината на односите меѓу САД и Русија лежи во способноста на Трамп да го убеди својот тим, како и републиканското мнозинство во Конгресот, за придобивките од поблиската соработка со Путин на Блискиот Исток.
*Пишува: Емре Ершен, вонреден професор на Катедрата за политички науки и меѓународни односи при Универзитетот Мармара во Истанбул.
news_share_descriptionsubscription_contact
