Анализа на вести, свет

Потезите на „харизматичното лидерство“ на Макрон не успеаја во Либан

- Макрон, сонуваше да ѝ овозможи простор на Франција, искористувајќи ги внатрешните конфликти во Либан. Се обиде за кратко време да ја дизајнира либанската политика, но неговиот сон заврши откако по 3-неделните напори не се формираше владата на Едиб.

Alaattin Doğru  | 29.09.2020 - Обновена : 30.09.2020
Потезите на „харизматичното лидерство“ на Макрон не успеаја во Либан

ПАРИЗ

- Алатин ДОГРУ


Потезите и стратегииите за „харизматично лидерство“, за кое сонуваше претседателот на Франција, Емануел Макрон, се покажаа како залудни во однос на либанската политика.

По експлозијата во пристаништето во Бејрут на 4 август, Макрон дојде во градот и даде изјави даде дека ќе го обнови градот. На 1 септември по повод 100-годишнината од постоењето на земјата, Макрон по втор пат го посети Либан и го понуди рецептот со кој земјата ќе излезе од економскиот ќор-сокак поради долгогодишната политичка криза.

Веднаш штом слезе од авионот, Макрон како „спасител кој пристигна од небото“ се сретна со либанските официјални претставници. На разговорите, Макрон ја наведе мапата на патот која треба да се следи и предложи технократски кабинет. Според него, ако тоа се спроведе, либанската политика може да се врати на вистинскиот пат за 15 дена.

Макрон ја заврши посетата на Бејрут со ветувања и закани за санкции кон либанските политичари. Претседателот на Франција вети дека ќе биде домаќин на меѓународната конференција, што ќе се состане во октомври за поддршка на Либан, доколку во рок од 15 дена се воспостави владата на Мустафа Едиб.


- Иницијативата на Макрон е во ќор-сокак

Макрон сонуваше да ѝ овозможи простор на Франција во регионот, искористувајќи ги внатрешните конфликти во Либан. Затоа се обиде за кратко време да ја дизајнира либанската политика, која со години е нерешена равенка на Блискиот Исток. Неговиот сон заврши откако по 3-неделните напори не се формираше владата на Едиб.

Со ова, иницијативата на францускиот претседател Макрон да наметне технократски кабинет во Либан, што беше потресена од економската криза и експлозијата во пристаништето во Бејрут, се најде во ќор-сокак.

Експертите истакнуваа дека и да биде постигнат компромис, Владата дефинирана како „влада со должност“ од Елисејската палата нема да биде успешна.

И покрај инсистирањето на Макрон за „технократски кабинет“, Франција не би го прифатила тоа, бидејќи влијанието на Франција би било намалено доколку шиитските групи кои се многу влијателни во политиката на земјата го земат Министерството за буџет. На тоа инсистирал и Хезболах.

На крајот, напорите на другите партии да вклучат луѓе блиски до нив во кабинетот доведоа до тоа да не се формира владата. На овој начин, обидот на Макрон да се формира влада, без да ја пресмета рамнотежата во земјата, остана неуспешен.

Со ваквиот развој на настаните падна и страста на Макрон за „харизматично лидерство“ со кое тој се обидуваше политички да ги врати поранешните колонии на Франција во француска доминација.


- Макрон ги обвини либанските политичари за „предавство“

Откако предлогот на Макрон за „непартиска“ влада беше заглавен во политичките рамнотежи во Либан, тој истакна: „Либанските политички сили отворено не сакаа да ја исполнат обврската, тие се решија за ‘предавство‘ на оваа обврска.“

Како една од основните причини поради која Едиб за кратко време се откажа од формирање на владата се смета дека е инсистирањето на Хезболах да го добие Министерството за финансии. Поради тоа Макрон го нападна Хезболах, со кој имаше тајни разговори.

„Хезболах е армија која истовремено се бори против Израел. Тоа е милиција која напаѓа цивили во Сирија. Во Либан не може да бидат почитувана партија“, нагласи Макрон, додавајќи дека тоа била „последната шанса“ за либиските политичари да формираат влада и дека мапата на патот од 1 септември е сè уште валидна.

Макрон тврдеше дека најефективниот метод за воспоставување влада во Либан е да се изврши притисок врз политичарите.

Неуспехот во иницијативата на Макрон за Либан може дополнително да ги зголеми негативните мислења за Макрон во Франција. Тоа пак, може дополнително да го ослабне Макрон, кој се подготвува за претседателските избори во 2022 година.


Иако не постои морска граница со Источниот Медитеран, администрацијата на Франција има за цел повторно да го зајакне влијанието во регионот, особено во Сирија и Либан.

Франција, исто така, сака да го прекине растечкото влијание на глобалните актери, како што се Русија и Соединетите Американски Држави и регионалниот актер Турција.

Се гледа дека главната цел на интензивната дипломатијата што Макрон што ја започна неодамна е да ги елиминира главните актери во регионот, да го поправи влошениот имиџ на Франција во регионот и да ја зголеми својата доминација.

Во Франција се зголемува рејтингот на крајната десница, а ефикасни се и „Жолтите елеци“. Исто така недостатоците во борбата против епидемијата на Ковид-19 го поттикнуваат Макрон да биде ефективен во регионот на Блискиот Исток и во областа на Медитеранот.

Но, политиката на Макрон, што ја водеше преку Грција, Либан, Египет, администрацијата на кипарските Грци и Либија, со цел да ја остави Турција сама во регионот, не вложи со резултати бидејќи не ја доби очекуваната реакција од Германија и од многу други европски земји. Исто така неуспешна беше и иницијативата на Макрон во Либан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.