АНКАРА
На подрачјето меѓу Луизијана и Флорида во САД, 261 клунест делфин се насукале на брегот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Си-ен-ен“ (CNN), експертите од Националната океанска и атмосферска управа (NOAA) забележале дека во периодот 1 февруари - 31 мај на американскиот брег се насукале 261 клунест делфин, од кои 98 мртви.
Ерин Фуџерес, директорот на Програмата за морски цицачи кои се насукуваат на копно, информираше дека бројката од 261 насукан делфин на брегот претставува трипати поголема бројка од историскиот просек.
Националната океанска и атмосферска управа овој настан го прогласи за „необични смртни случаи“, а во врска со оваа трагедија, Фуџерес изјави „Загрижени сме поради влажната зима на целата територија на САД. Во долината на Мисисипи е доживеана највлажната зима во последните 124 години.“
Фуџерес истакна дека кај дел од делфините кои се насукале на брегот забележани се длабоки рани предизвикани од допир со слатка вода.
Засега не се знае точната причина за смртта на делфините, но истражувачите претпоставуваат дека причина може да биде намалувањето на нивото на солта во океаните.
Истражувачите наведуваат дека го истражуваат протекувањето на нафта во Мексиканскиот Залив во 2010 година како една од причините за големата смртност.