свет

Најмалку 28 Палестинци се убиени, десетици се повредени во најновите израелски напади врз Појасот Газа

- Израелската армија нападна група цивили што чекале во близина на центар за медицинска нега за испорака на храна во Деир ал-Балах, при што се убиени 13 лица, повеќето од нив жени и деца, а има и сериозно повредени, изјави медицински извор за Анадолу

Betül Yılmaz  | 10.07.2025 - Обновена : 11.07.2025
Најмалку 28 Палестинци се убиени, десетици се повредени во најновите израелски напади врз Појасот Газа

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 28 цивили се убиени, а десетици се повредени во израелските напади врз Појасот Газа утринава пред зори, според медицински извори, јавува Анадолу.

Израелската армија нападна група цивили што чекале во близина на центар за медицинска нега за испорака на храна во Деир ал-Балах, при што се убиени 13 лица, повеќето од нив жени и деца, а има и сериозно повредени, изјави медицински извор за Анадолу.

Четири лица од едно семејство се убиени во израелски напад насочен кон нивниот дом во бегалскиот камп Бурејџ во централниот дел на Појасот Газа.

Двајца Палестинци се убиени, а 10 се повредени во израелските напади со беспилотни летала врз бегалскиот камп Нусејрат.

Во јужниот дел на Појасот Газа израелската армија уби пет лица, меѓу кои и две деца, а повреди уште 20 во напади врз шатори во кои се сместени раселени Палестинци во областа Ал-Маваси во Хан Јунис.

Мајка и три деца, исто така, се убиени кога израелската армија го нападна нивниот дом во Хан Јунис. Во овој напад се повредени повеќе од 20 лица.

Израелската армија уби речиси 57.700 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, во Газа од октомври 2023 година. Немилосрдното бомбардирање ја опустоши енклавата и доведе до недостиг на храна и ширење на болести.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın