свет

Билансот на жртви во Газа се приближува до 58.600, продолжува израелската геноцидна војна против Палестинците

Во последните 24 часа во болниците донесени се 94 тела, додека 252 лица се повредени

Betül Yılmaz  | 16.07.2025 - Обновена : 16.07.2025
 Билансот на жртви во Газа се приближува до 58.600, продолжува израелската геноцидна војна против Палестинците

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 58.573 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека 94 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, а 252 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелската офанзива се искачи на 139.607.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Министерството посочи дека седуммина Палестинци се убиени, а над 30 се повредени додека се обидувале да дојдат до хуманитарна помош во последните 24 часа, со што вкупниот број Палестинци убиени додека бараат помош се искачи на 851, а повеќе од 5.634 се повредени сметајќи од 27 мај.

Израелската армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март, од кога се убиени 7.750 Палестинци, а повредени се 27.566, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın