политика, Балкан

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на Северна Македонија

Милатовиќ беше пречекан од претседателката Сиљановска-Давкова пред Вила „Водно“ во Скопје

Dzihat Aliju  | 31.03.2026 - Обновена : 31.03.2026
Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на Северна Македонија Фото: Umeys Sulejman/АА

СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска‑Давкова, со официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, јавува Анадолу.

Пречекот беше организиран во Вила „Водно“ во главниот град Скопје.

По приемот следуваат тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите.

Во рамките на посетата ќе се потпише и Меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

По состаноците, Сиљановска-Давкова и Милатовиќ ќе организираат заедничка прес-конференција.

Во рамките на својата посета Милатовиќ ќе има и обраќање во Собранието на Северна Македонија во рамки на 96-тата седница.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.