Турција

Anadolu Agency подготвено ги дочекува повторените избори во Истанбул

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шенол Казанџи, рече дека АА ќе известува за изборните резултати директно од избирачките места и ќе дистрибуира вести и содржини за 2.250 медиумски куќи во светот

Gözde Bayar  | 19.06.2019 - Обновена : 20.06.2019
Anadolu Agency подготвено ги дочекува повторените избори во Истанбул

АНКАРА (АА) - Повторените избори за функцијата градоначалник на Истанбул ќе се одржат на 23 јуни, а Anadolu Agency (AA) и тој изборен процес ќе го следи објективно и веродостојно ќе ги информира своите клиенти.

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шенол Казанџи, рече дека АА ќе известува за изборните резултати директно од избирачките места и ќе дистрибуира вести и содржини за 2.250 медиумски куќи во светот.

Аnadolu Аgency (AA) за неделните избори ќе известува преку сервисот кој нуди содржини на 13 јазици и тоа на турски, англиски, француски, шпански, руски, арапски, БХС (босански, српски, хрватски), персиски, македонски, албански, индонезиски, сорански и курмански.

Казанџи рече дека АА по изборите на 31 март, чекала потврда од Врховната изборна комисија за да ги потврди конечните резултати од изборите во Истанбул, и додаде дека Аnadolu Аgency е агенција која на медиумите им сервисира информации и дека таа не е онаа која ги прогласува резултатите.

Тој, исто така, рече дека работата на АА на мартовските избори по ништо не се разликувала од следењето на сите претходни избори.

Anadolu Agency на своите претплатници навремено им нуди точни и веродостојни информации и вести кои се придружени со фотографии, видеоснимки, како и со графички и картографски прикази.

Врховната изборна комисија на Турција (YSK) ги поништи резултатите од претходните избори за градоначалник на Истанбул и нареди повторување на изборите за таа функција. Резултатите се поништени откако е утврдено дека имало низа нерегуларности и кршење на Изборниот закон, вклучително и тоа дека на повеќе од 754 избирачки места не биле ангажирани државни службеници како што наложуваат турските закони.

Барање за повторување на изборите вложи владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) и нејзиниот партнер, Партијата на национално движење (MHP).

Во трката за функцијата градоначалник на Истанбул ќе се борат кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Екрем Имамоглу, и кандидатот на Партијата на правдата и развојот (AK Parti), Бинали Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın