Турција

„Турција одигра клучна улога во прекинот на огнот во Сувејда“, објавија турски безбедносни извори

- „Без ефикасна интервенција на американските, арапските и турските посредници, регионот ќе се соочеше со непозната судбина“, изјави сирискиот претседател Ахмед Шара, истакнувајќи го придонесот што го покажа Турција за прекинот на огнот.

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 17.07.2025 - Обновена : 17.07.2025
„Турција одигра клучна улога во прекинот на огнот во Сувејда“, објавија турски безбедносни извори

АНКАРА (АА) - Турција одигра клучна улога за прекинот на огнот во сирискиот град Сувејда во судирот што започна меѓу Друзите и бедуинските Арапи, а подоцна избувна и меѓу владините сили од Дамаск и Друзите, известува Анадолу.

Според безбедносни извори, Турција покажа решителен став за време на дводневните судири во Сувејда, застанувајќи зад Владата во Дамаск, вложувајќи максимални напори за одржување на мирот меѓу страните и играјќи клучна улога во прекинот на огнот.

Директорот на Националната агенција за разузнавање (МИТ) на Турција, Ибрахим Калин, одржа бројни состаноци со своите колеги во САД, Сирија и Израел во врска со развојот на настаните во Сирија. Тој разговарал за судирите во Сувејда со сирискиот претседател Ахмед Шара, како и за нападите на Израел врз Сирија. Тој, исто така, во врска со судирите одржувал редовен контакт и со специјалниот претставник на САД за Сирија и амбасадор на САД во Анкара, Том Барак.

Во исто време, МИТ објави дека се водени разговори со лидерот на либанските Друзи и поранешен претседател на Прогресивната социјалистичка партија, Валид Џанболат, за да се стави крај на судирите во Сувејда и да се обезбеди стабилност во регионот.

Се нагласува дека министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, имал средби со специјалниот претставник на САД за Сирија и амбасадор на САД во Анкара, Барак, со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани, саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан и со јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади. Фидан и Калин го информирале претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за средбите со своите колеги и за случувањата во Сирија.

„Контактите на Фидан и директорот на МИТ, Калин, во врска со ситуацијата на терен одиграа клучна улога во обезбедувањето прекин на огнот меѓу страните. Турција вложи максимални напори за елиминирање на сите ризици за територијалниот интегритет, единството, стабилноста и безбедноста на својот јужен сосед, Сирија, и обезбеди прекин на огнот меѓу страните“, информираа безбедносни извори.

Изворите нагласија дека сирискиот претседател Шара изјавил:

„Без ефикасна интервенција на американските, арапските и турските посредници, регионот ќе се соочеше со непозната судбина“, истакнувајќи го придонесот што го покажа Турција за прекинот на огнот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.