Турција

Распоредувањето на Турските поморски сили во Аденскиот Залив продолжено за уште една година

Продолжувањето е дел од меѓународните и националните обврски на Турција за поддршка на поморската безбедност, слободата на пловидба и глобалниот мир и стабилност во согласност со меѓународното право

Esra Tekin  | 22.01.2026 - Обновена : 22.01.2026
 Распоредувањето на Турските поморски сили во Аденскиот Залив продолжено за уште една година

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Службен весник е објавена претседателската одлука за продолжување на распоредувањето на Турските поморски сили во Аденскиот Залив, покрај брегот на Сомалија, во Арапското Море и околните води за уште една година, почнувајќи од 10 февруари 2026 година, јавува Анадолу.

Продолжувањето има цел да ги заштити комерцијалните бродови под турско знаме и бродовите поврзани со Турција, да придонесе во меѓународните напори против пиратството, вооружените грабежи и поморскиот тероризам, да поддржи операции за хуманитарна помош и да го зајакне поморското оперативно искуство на земјата и меѓународната соработка.

Турција активно учествува во меѓународни мисии против пиратството од 2009 година, вклучително и операцијата „Океански штит“ на НАТО и Комбинираната работна група 151 (CTF-151), со која земјата командуваше седумпати во периодот од 2009 до 2025 година.

Во одлуката се наведува дека по барање на Сомалија до генералниот секретар на ОН, од 2022 година не е усвоена резолуција од страна на Советот за безбедност на ОН за обновување на претходните мандати поврзани со борбата против пиратството, вооружените грабежи и поморскиот тероризам во Аденскиот Залив, територијалните води на Сомалија и соседните региони.

Се додава дека меѓународните операции против пиратството и поморскиот криминал продолжуваат во областите надвор од територијалните води на Сомалија во согласност со Резолуцијата 1851 на Советот за безбедност на ОН, усвоена во 2008 година.

Во овој контекст, во одлуката се потсетува дека операцијата „Аталанта“ на ЕУ е продолжена до 28 февруари 2027 година, според одлуката на Европскиот совет од 16 декември 2024 година.

Продолжувањето е дел од меѓународните и националните обврски на Турција за поддршка на поморската безбедност, слободата на пловидба и глобалниот мир и стабилност во согласност со меѓународното право.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.