Турција

Чудо во Туркије: По 261 час под урнатините спасени две лица

Екипите работеа на урнатините од приватна болница во подрачјето на Одабаши. Двајцата мажи се спасени откако беа заробени под урнатините 261 час.

Sergen Sezgin, Aykut Karadağ, Fatih Çapkın, Hikmet Faruk Başer, Eren Bozkurt  | 17.02.2023 - Обновена : 18.02.2023
Чудо во Туркије: По 261 час под урнатините спасени две лица

ХАТАЈ (АА) - Мехмет Али Шакироглу (26) и Мустафа Авџи (34) спасени се од под урнатините на зграда во Антакија, Хатај, јавува Анадолу.

Екипите работеа на урнатините од приватна болница во подрачјето на Одабаши. Двајцата мажи се спасени откако беа заробени под урнатините 261 час.

Тие се пренесени во болница.

Мустафа Авџи, на кого прва помош му е укажана во мобилната болница во Хатај, телефонски разговараше со својот брат со помош на полицаец.

Го прашал својот брат за неговото семејство и дали се сите спасени.

Бариш Пиребаш, шеф на координацијата за пребарување и спасување на локацијата на последното спасување, рече дека слушнале звук под урнатините.

„Слушнавме звук. Веднаш влетавме“, рече Пиребаш.

Тој истакна дека разговарал со Шакироглу кој му рекол дека е гладен.

„’Ми дадоа храна, повторно заспав. Се разбудив, бев гладен и ти дојде.’ Не знаеме дали го кажа тоа во состојба на шок, дали тоа беше сон за храна или негова сопствена фикција“, рече Пиребаш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.