Хотелите во Турција со Сертификат за безбеден туризам пополнети 80 отсто
„Мерките што ги презеде Турција не ги видовме на друго место“, велат туристите

АЈДИН (АА) - ФЕРДИ УЗУН -
Таџетин Озден, претседателот на Федерацијата на хотелиери на Турција, соопшти дека во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), хотелите кои поседуваат Сертификат за безбеден туризам во Турција се пополнети 80 отсто.
Озден, кој во исто време е и претседател на Организацијата на хотелиерите и инвеститорите на Кушадаси, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека пандемијата, како и сите останати сектори, го погодила и туризмот, но сопствениците во овој сектор на успешен начин го надминале овој процес.
Потсетувајќи дека со процесот на новата нормализација, хотелите започнале да се отвораат во јуни, Озден истакна дека овој сектор се соочил со процесот на Ковид-19 и увидел каков став треба да се заземе, велејќи дека хотелите кои зеле Сертификат за безбеден туризам го надминале проблемот со коронавирусот.
Озден, изјавувајќи дека во овој период голем број хотели ги отвориле своите врати, продолжи со зборовите:
„Имавме многу успешна сезона, особено во август и септември. И онака хотелите, поради пандемијата немаа поставено цел за целосна пополнетост на капацитетите. Според Сертификатот за безбеден туризам, не се надмина поставената максимална пополнетост на хотелите.“
Тој понатаму додаде:
„Отворајќи ги вратите за своите гости во периодот на контролирана нормализација во време на пандемијата, пополнетоста на хотелите кои поседуваат Сертификат за безбеден туризам се зголеми до 80 проценти. Задоволни се речиси сите што ги отворија своите хотели. Немаме колеги што ги отвориле своите хотели, а се покајале за тоа. Се разбира, не станува збор за постигнување на целите и прометот од изминатите години. Не успеавме да го достигнеме тоа, но хотелите што се отворија, постигнаа исплатлива работа.“
- „Мерките што ги презеде Турција не ги видовме на друго место“ -
Озден истакна дека странските туристи што си заминуваат од Турција се многу задоволни.
Пренесувајќи ги зборовите на туристите: „Мерките што ги презеде Турција не ги видовме на друго место“, Озден го рече следното: „Дел од туристите што го рекоа тоа се луѓе кои биле во Шпанија и Грција. Бевме многу успешни со сертификацијата за безбеден туризам. Мерките против Ковид-19 беа на високо ниво во хотелите. Среќни беа сите оние кои ја избраа Турција за својот годишен одмор. Туристичкиот сектор успешно го положи испитот за Ковид-19.“
Истакнувајќи дека голем број туристи од Велика Британија и Русија пристигнале во Турција во јули, август и септември, Озден рече дека во моментов постои туристичка динамика од балканските земји.
Изјавувајќи дека туристичката динамика продолжува и во октомври, Озден истакна: „На оние што доаѓаат од балканските земји не им требаат авиони. Тие даваат придонес и за продолжување на сезоната во регионот и за зголемување на стапката на посетеност во хотелите. Од тој аспект, тоа е важен пазар за нас.“