Феномени: Двоглавата желка од Чанаккале живееше само 30 дена
- Тоа се многу ретки случаеви, младенчето живее кратко, бидејќи органите не се доволно силни да одржат два живота

Çanakkale
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Двоглаво младенче на желка, кое минатата недела е пронајдено на плажа на Средоземното Море на крајниот југ на Турција, живееше само 30 дена. Беше долго околу четири сантиметри и тешко околу 19 грама. Стручњаците од Универзитетот „18 март“ во Чанаккале извршиле обдукција и наишле на интересни детали, јавува Anadolu Agency (AA).
Обдукцијата покажа дека двоглавата желка имала две белодробни крила, едно срце и желудник, по едно дебело црево, бубрег и еден репродуктивен орган.
Професорката на Отсекот за биологија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „18 Март“, Шукран Јалчин Оздилек, за АА рече дека истражувањето за умреното младенче е извршено во Центарот за истражување на морските желки (DEKUM).
„Двоглавата морска желка е навистина редок природен феномен со кој се среќаваме еднаш во 100 години“, истакна Оздилек.
Кажа дека станува збор за желка која во просек живее 49 дена.
„Најпрвин е направена обдукција на нејзините внатрешни органи. Тоа се многу ретки случаеви во кои младенчето живее кратко, бидејќи органите не се доволно силни да одржат два живота. Младенчето по извесно време умира, а должината на неговиот век зависи од ембрионалниот развој во тој период, рече Оздилек.
Нагласи дека станува збор за еден вид аномалија која може да биде последица на глобалното загревање и другите климатски промени. Исто така, додаде, дека овој вид аномалија може да ја предизвикаат прекумерните пестициди и ѓубрива во земјоделството.
„Наидовме на многу интересни детали. Внатрешните органи се потполно поинакви од нашите очекувања. Органите за кои очекувавме дека се по еден, тие беа по два. Желките имаат многу добро развиени бели дробови. Поради тоа првин ги испитавме нив. Имаат ист белодробен систем како и луѓето“, кажа ветеринарот Озај Бедизџи, кој ја изведе обдукцијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.