Турција

Уапсен терористот одговорен за нападот кај „Водафон парк“ во Истанбул

Во нападот изведен на 10 декември 2016 година, по натпреварот помеѓу турските клубови Бешикташ и Бурсаспор, загинаа 46 лица, меѓу кои и 39 полицајци

Muhammed Boztepe  | 12.06.2019 - Обновена : 13.06.2019
Уапсен терористот одговорен за нападот кај „Водафон парк“ во Истанбул

АНКАРА (АА) - Во Хакќари, југоисточна Турција, фатен е еден од терористите кои во 2016 година изведоа бомбашки напад во близина на „Водафон парк“ во Истанбул, при што загинаа 46 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Од турското Министерство за внатрешни работи потсетија дека во нападот изведен на 10 декември 2016 година, по натпреварот помеѓу турските клубови Бешикташ и Бурсаспор, загинаа 46 лица, меѓу кои и 39 полицајци.

Припадниците на силите за безбедност спроведоа акција во дистриктот Јуксекова, во Хакќари, во која е фатен Месут Бакар, за кој се трагаше поради сомнение дека е припадник на терористичката организација ПКК.

Установено е дека споменатиот терорист е еден од осомничените за терористичкиот напад изведен во околината на стадионот „Водафон парк“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.