Турција ќе формира Институт за вештачка интелигенција
„Турција планира да го основа својот прв Институт за вештачка интелигенција (AI), за да развие план и да делува како мост помеѓу приватниот сектор и јавните политики“, истакна турскиот министер за наука и индустрија, Мустафа Варанк

БЕРЛИН (АА) - „Турција планира да го основа својот прв Институт за вештачка интелигенција (AI), за да развие план и да делува како мост помеѓу приватниот сектор и јавните политики“, истакна турскиот министер за наука и индустрија, Мустафа Варанк, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање на собирот на експерти од полето на бизнисот, истражувачи и универзитетски професори од Турција и Германија во Берлин, Варанк рече дека Институтот ќе функционира во рамките на Советот за научно-технолошки истражувања (TUBITAK) - национална агенција на Турција која има водечка улога во креирањето на научната и технолошка култура во земјата.
Еднодневната конференција во Берлин ја поставува сцената за истражување за размената на можностите во полето на технологијата на вештачката интелигенција помеѓу двете земји.
Турскиот министер истакна дека новата гранка на компјутерски науки насочена кон создавање интелигентни машини ќе донесе придонес кон глобалната економија од 16 билиони долари.
„Тоа ќе доведе до нови модели на раст, нови работни места, раст на продуктивноста и тешки услови во конкуренцијата“, додаде тој.
Министерот рече дека светот е на работ на револуција, која треба одново и одново да бележи економски теории.
Тој истакна дека новиот институт не само што ќе поддржува иновации, туку ќе произведува и стручна работна сила.
„Новиот развој во областа на вештачката интелигенција и дигиталната транзиција ги поттикна креаторите на политиките да бидат поактивни, поиновативни, соработувачки настроени и ориентирани кон изнаоѓање решенија“, рече Варанк.
На неодамнешниот Самит на Г20 во Јапонија, Турција бараше изготвување меѓународни стандарди, етики и норми за менаџирање со технологијата за вештачка интелигенција.
„Ние ќе ги поттикнеме фирмите да развиваат дигитални технологии со поддршка на истражувачките активности и развојот на иновации“, додаде тој.
Втората турско-германска конференција за вештачка интелигенција е закажана за 2020 година во Турција.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.