Турција: Продолжува испораката на рускиот систем за одбрана „S-400“
Петнаесеттиот авион слета во воздухопловната база „Муртед“, во близина на Анкара

АНКАРА (АА) - Испораката на опремата за системот за воздушна и ракетна регионална одбрана со долг дострел „S-400“ на Турција продолжува и денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Петнаесеттиот авион слета во воздухопловната база „Муртед“, во близина на Анкара.
Првата испорака на опремата за системот беше направена минатиот петок.
По долготрајните безуспешни напори за купување систем за противвоздушна одбрана од Соединетите Американски Држави (САД), Анкара одлучи во 2017 година да го купи рускиот систем „S-400“.
Американски официјални претставници потоа ја повикаа Турција да ги купи американските проектили „Патриот“, тврдејќи дека рускиот систем ќе биде некомпатибилен со системите на НАТО и ќе ги изложи воените авиони „F-35“ на можни руски интриги.
Турција сепак, нагласи дека „S-400“ нема да биде интегриран во системите на НАТО и дека нема да претставува закана за Алијансата. Турција повика на формирање комисија за разјаснување на какво било техничко прашање, но САД не дадоа одговор на овој предлог.
САД вчера објавија дека ќе ја исклучат Турција од програмата за борбените авиони „F-35“, откако претходно упатија закани дека ќе го направат тоа поради купувањето на рускиот противвоздушен систем „S-400“ од Турција.
Испораките ќе продолжат до април 2020 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.