Турција

Турција: При илегално ископување откриен мозаик стар 1.500 години

„Ќе се откријат добри нешта кога целосно ќе се открие мозаикот. Сметаме дека ова место било населено пред илјадници години. Сакаме [овој локалитет] да се вклучи во туризмот“

Halil İbrahim Sincar   | 18.09.2019
Турција: При илегално ископување откриен мозаик стар 1.500 години

МАРДИН (АА) - ХАЛИЛ ИБРАХИМ СИНЏАР - При илегално ископување во населбата Ѓокташ, во подрачјето на Дерик, турската област Мардин, откриен е мозаик за кој се вели дека датира од 6 век, јавува Anadolu Agency (AA).

Турската жандармерија добила пријава дека се врши илегално ископување во руралното подрачје на населбата Ѓокташ, при што жандармериските тимови се упатиле кон местото на настанот, каде што извршиле испитување во чии рамки откриле мозаик со различни фигури.

Мозаикот е ставен под заштита на Дирекцијата за музеи во Мардин, а до градската Дирекција за култура и туризам е поднесено барање за вршење ископување.

Целта е овој локалитет да се вклучи во туризмот на земјата.

Управителот на областа Ѓокташ, во изјава за АА истакна дека мозаикот бил откриен за време на илегално ископување, и дека жителите на ова подрачје се возбудени од откривањето на овој мозаик за кој се претпоставува дека датира од римскиот период.

„Ќе се откријат добри нешта кога целосно ќе се открие мозаикот. Сметаме дека ова место било населено пред илјадници години. Сакаме [овој локалитет] да се вклучи во туризмот“, рече Јашар.

Везир Јашар, жител на ова подрачје, рече дека претпоставуваат дека зоната каде што бил откриен мозаикот, била многу старо населено место.

„Над него има фигури. Покрај тоа, се наоѓаат бунари за вода од камења. Тоа е богатство за нашата земја. Очекуваме да се открие овој исчезнат град“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın