Турција

Турција од 11 ноември депортираше вкупно 59 странски терористи

„Како резултат на турската антитерористичка операција „Киран“ на југоистокот на земјата, неутрализирани се вкупно 124 терористи, фатени се 19 соработници, додека уништени се 281 пештера/засолниште користени од страна на терористите“

Nilay Kar   | 04.12.2019
Турција од 11 ноември депортираше вкупно 59 странски терористи

АНКАРА (АА) - Турција од 11 ноември депортираше вкупно 59 странски терористи, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи во главниот град Анкара, портпаролот на Министерството, Исмаил Чатакли, истакна дека во месец ноември неутрализирани се 131 терорист, од кои двајца од категоријата најбарани терористи.

„Како резултат на турската антитерористичка операција „Киран“ на југоистокот на земјата, неутрализирани се вкупно 124 терористи, фатени се 19 соработници, додека уништени се 281 пештера/засолниште користени од страна на терористите“, соопшти Чатакли.

Додаде дека досега во својата земја се имаат вратено 369.690 Сиријци кои живееа во Турција, откако подрачјата беа ослободени со турските антитерористички операции.

Операцијата „Штитот на Еуфрат“, како и операциите што следуваа потоа - „Маслинова гранка“ во 2018 година и операцијата „Извор на мирот“, која започна на 9 октомври годинава, имаат за цел да ги елиминираат сите терористички елементи, ДЕАШ и ЈПГ/ПКК, од подрачјето близу турската граница.

Анкара сака терористите на ПКК/ЈПГ да се повлечат од регионот за да може да се создаде безбедносна зона и да го отвори патот за безбедно враќање на околу два милиони бегалци.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın