Турција

Турција нема да бара ПЦР-тестови за посетителите од 16 држави и региони

Одлуката ќе стапи на сила од 15 мај

Sena Güler  | 02.05.2021 - Обновена : 04.05.2021
Турција нема да бара ПЦР-тестови за посетителите од 16 држави и региони

АНКАРА (АА) - Турските власти објавија дека посетителите од 16 земји и региони нема да мораат да приложат негативен ПЦР-тест при патување во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Турција денес објави дека на листата на земји и региони се наоѓаат Хонг Конг, Кина, Тајван, Виетнам, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Израел, Јапонија, Велика Британија, Латвија, Луксембург, Украина и Естонија.

Министерството наведе дека одлуката ќе стапи на сила од 15 мај.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.