Турција

Турција: Запленет фосил на морска ѕвезда стар околу две милиони години

Екипи од Одделот за борба против организираниот криминал приведоа две лица осомничени дека имале намера да го продадат фосилот

Burak Akay   | 22.01.2021
Турција: Запленет фосил на морска ѕвезда стар околу две милиони години Фото: Полициски оддел Чанаккале

ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во полициска акција организирана во Чанаккале, Турција, запленет е фосил на морска ѕвезда за кој се претпоставува дека датира од периодот пред две милиони години, јавува Агенција Анадолија (AA).

Екипи од Одделот за борба против организираниот криминал приведоа две лица осомничени дека имале намера да го продадат фосилот.

Фосилот е запленет, а против двете лица е започната постапка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın