Турција

Турција: Жолтата лубеница, посебно овошје од прастаро семе

Богата со витамини А и Ц, како и со бета-каротин, таа има висока нутритивна вредност, со малку калории

Havva Kara Aydın  | 18.09.2019 - Обновена : 19.09.2019
Турција: Жолтата лубеница, посебно овошје од прастаро семе

БИЛЕЏИК (АА) - Земјоделците во северозападна Турција се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата на овошјето со помош на старо семе, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во тек е бербата на посебен вид лубеница со жолта кора, добиена од семе кое го користеле предците земјоделци векови наназад“, истакна Неџметин Јолдаш, раководителот на државната Дирекција за земјоделство и шумарство на Билеџин, област во северозападна Турција.

„Треба да придонесеме кон развојот на земјоделската економија во нашата област, давајќи им важност на високопродуктивните производи со додадена вредност“, додаде Јолдаш.

„Секогаш ќе ги поддржуваме нашите земјоделци“, нагласи тој.

Семето од жолта лубеница може да се приспособи на условите што ги нуди природната средина во регионот.

Во минатото, пред црвената сорта се одгледувала жолтата лубеница, која е турски фаворит.

Богата со витамини А и Ц, како и со бета-каротин, таа има висока нутритивна вредност, со малку калории, само 46 калории по парче.

Жолтата лубеница има посладок вкус и подебела кора од црвената сорта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın