Турција

Турско МНР: Неважечки е чекорот што израелскиот Парламент го направи за анексија на Западниот Брег

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со обидот на Израел да го анектира Западниот Брег:Чекорот што израелскиот Парламент го направи за анексија на окупираниот Западен Брег го крши меѓународното право и е неважечки

Büşranur Keskinkılıç  | 22.10.2025 - Обновена : 23.10.2025
Турско МНР: Неважечки е чекорот што израелскиот Парламент го направи за анексија на Западниот Брег

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со обидот на Израел да го анектира Западниот Брег: „Чекорот што израелскиот Парламент го направи за анексија на окупираниот Западен Брег го крши меѓународното право и е неважечки“, известува Анадолу.

Турското МНР издаде писмено соопштение во врска со обидот на Израел да го анектира Западниот Брег.

Во соопштението се наведува дека провокативниот чекор, преземен во време кога во тек се напори за воспоставување мир во Газа, ја загрозува веќе кревката безбедност и стабилност во регионот. Во него се вели:

„Чекорот на израелскиот Парламент кон анектирање на окупираниот Западен Брег го крши меѓународното право и е неважечки. Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, кој е под израелска окупација од 1967 година, е палестинска територија. Незаконскиот свршен чин на Израел не смее да се дозволи на Западниот Брег. Турција ќе продолжи да ги брани неотуѓивите права на палестинскиот народ и да ги поддржува напорите за воспоставување географски обединета, независна и суверена држава Палестина врз основа на границите од 1967 година, со Источен Ерусалим како нејзин главен град.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.