Израел има запленето над 70.000 квадратни метри земја на Западниот Брег
Вкупно 53 наредби за воена заплена се издадени од Израел за проширување на контролата врз окупираниот Западен Брег од почетокот на 2025 година

РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) - Израел заплени над 70.000 квадратни метри земјa во губернијата Наблус, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Комисијата за борба против колонизацијата и Sидот на раздвојување соопшти дека израелската Армија одзела 70.147 квадратни метри земја во губернијата Наблус според „наредбата за воена и безбедносна заплена“ издадена за неколку села во Наблус.
Овој потег има за цел воспоставување тампон-зона околу населбата Ели во областа, соопшти Комисијата.
Според соопштението, израелските власти ја објавиле наредбата по истекот на периодот за приговор, кој траел само една недела.
Вкупно 53 наредби за воена заплена се издадени од Израел за проширување на контролата врз окупираниот Западен Брег од почетокот на 2025 година, истакна Комисијата.
Според палестинската Комисија за борба против колонизацијата и Sидот, Израел изградил најмалку 710 населби и воени пунктови на окупираниот Западен Брег, во просек по една населба на секои 8 квадратни километри, од 1967 година.
Меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации (ОН), ги сметаат израелските населби за нелегални според меѓународното право. ОН постојано предупредуваат дека континуираната експанзија на населбите ја загрозува одржливоста на дводржавното решение, рамка што се смета за клучна за решавање на повеќедеценискиот палестинско-израелски конфликт.
Минатиот јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи окупацијата на палестинската територија од страна на Израел за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.
Во меѓувреме, израелската Армија продолжи да спроведува воени напади низ Западниот Брег во текот на викендот.
Палестинското здружение на Црвената полумесечина соопшти дека неговите тимови префрлиле 37-годишен маж во болница откако бил погоден од вистински куршум во Рамала.
Не се дадени дополнителни детали за неговата здравствена состојба.
Локалните власти соопштија дека над 1.051 Палестинец се убиени на Западниот Брег, околу 10.300 се повредени, а над 20.000 се уапсени, вклучувајќи 1.600 деца, од почетокот на војната во Газа пред две години.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.