свет

САД: Започна годишната берба на брусница во Њу Џерси

Брусниците, еден од најпознатите земјоделски производи на Њу Џерси, се собираат секоја есен кога полињата намерно се поплавуваат за да испливаат плодовите и полесно да се соберат

Aida Cako  | 20.10.2025 - Обновена : 20.10.2025
САД: Започна годишната берба на брусница во Њу Џерси Фото: Lokman Vural Elibol/AA

ЊУ ЏЕРСИ (АА) – Годишната берба на брусница започна на фармата Пајн Ајланд во Чатсворт, Њу Џерси, Соединетите Американски Држави, каде што работниците влегоа во поплавените полиња за да ги соберат зрелите, црвени плодови што пловат на водната површина, јавува Анадолу.

Брусниците, еден од најпознатите земјоделски производи на Њу Џерси, се собираат секоја есен кога полињата намерно се поплавуваат за да испливаат плодовите и полесно да се соберат.

Жетвата се совпадна со традиционалниот Фестивал на берба на брусница, кој се одржува секој трет викенд во октомври, славејќи ги локалната земјоделска традиција, сезонската храна и заедничкиот дух на жителите на Чатсворт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın