Турција

Турско Министерство за одбрана: Срушени два авиони Su-24 на Асадовиот режим во Идлиб

„Уништен е противвоздушниот систем на режимот кој го собори нашето вооружено беспилотно летало, и уште два такви системи на режимот“

Sarp Özer  | 01.03.2020 - Обновена : 02.03.2020
Турско Министерство за одбрана: Срушени два авиони Su-24 на Асадовиот режим во Идлиб

АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека во сириски Идлиб се срушени два авиони на режимот на Башар ал Асад, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на официјалната интернет-страница на Министерството се наведува дека срушените авиони „Су-24“ претходно извеле напад на турските авиони.

                    

„Уништен е противвоздушниот систем на режимот кој го собори нашето вооружено беспилотно летало, и уште два такви системи на режимот“, се наведува во соопштението.

Силите на Асадовиот режим на 27 февруари изведоа воздушен напад на позициите на турските војници во Идлиб во кој 36 турски војници ги положија животите како шехиди. По тој напад, турските сили ја започнаа операцијата „Пролетен штит“ во тоа подрачје.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.