Турција

„Türkiye Innovation Week 2025“ фокусиран на трансформацијата на вештачката интелигенција

„Во нова ера, каде што вештачката интелигенција трансформира голем број области, од производството и извозот до одбранбената индустрија и образованието, Неделата на иновации ќе се осврне на оваа промена од различни перспективи“

Mücahithan Avcıoğlu  | 11.09.2025 - Обновена : 11.09.2025
„Türkiye Innovation Week 2025“ фокусиран на трансформацијата на вештачката интелигенција

ИСТАНБУЛ (АА) - Настанот „Türkiye Innovation Week (TIW) 2025“ (Турска Недела на иновации (ТИВ) 2025), најголем собир за иновации во Турција и околниот регион, ќе се одржи во Истанбул од 9 до 11 октомври, со фокус на трансформацијата на вештачката интелигенција, јавува Анадолу.

Настанот се организира по 12. пат со поддршка на Министерството за трговија на Турција, а домаќин е Турското собрание на извозници (ТИМ).

Главна тема на настанот ќе биде „Утре: Сега“, осврнувајќи се на трансформацијата на вештачката интелигенција на повеќеслоен начин.

„Во нова ера, каде што вештачката интелигенција трансформира голем број области, од производството и извозот до одбранбената индустрија и образованието, Неделата на иновации ќе се осврне на оваа промена од различни перспективи“, се вели во соопштението на ТИМ.

„Во период кога луѓето, културата и бизнис-моделите се преобликуваат, настанот ќе ги собере технолошките лидери, претприемачите, универзитетските професори, студентите и претставниците на јавноста со заедничка визија“, се наведува во соопштението.

Во текот на настанот посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидно искуство со панели на кои ќе учествуваат светски познати говорници, мастер-класови, иновативни изложби, зони на искуство и работилници.

За трансформативното влијание на вештачката интелигенција ќе се дискутира преку студии на случаи во широк спектар на области, од производство и одбранбена индустрија до образование и право.

ТИВ 2025 ќе понуди визија што оди подалеку од технологијата и се фокусира на културата, луѓето и новите начини на водење бизнис, се додава во соопштението.

Оваа година настанот има цел да го отвори патот за иновативни бизнис-идеи и креативни иницијативи преку програми како „WINGS“. Развиените решенија не се само идеи; тие имаат цел да ги трансформираат во опипливи конкурентни предности за извозот на Турција.

Настанот привлекува внимание и со престижните награди што ги доби оваа година.

На доделувањето на „The Stevie Awards 2025“, ТИВ беше признат во секоја категорија за која аплицираше. ТИВ беше награден со наградите „ЗЛАТО - Конференции и состаноци (Конвенција)“, „ЗЛАТО - Корпоратива и заедница (B2C настан)“ и „БРОНЗА - Корпоратива и заедница (ангажман на заедницата)“.

Исто така, доби три награди на „Eventex Awards“ - две златни и една бронзена. ТИВ беше награден со „Злато за јавен настан“, „Злато за конференција“ и „Бронза за настан за ангажман на заедницата“.

Со овие награди ТИВ досега има освоено вкупно 17. Овој успех ги зајакнува растот на настанот секоја година и неговата важност во светот на иновациите.

Влезот на настанот е бесплатен, а потребна е претходна регистрација на „turkiyeinnovationweek.com“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.