Турција

Турските сили неутрализираа 4 терористи на ПКК во северен Ирак

„Како резултат на координативната работа на Турските вооружени сили (ТСК) и националната разузнавачка служба МИТ, преку успешна воздушна операција неутрализирани се 4 терористи на ПКК...“

Mümin Altaş   | 22.01.2021
Турските сили неутрализираа 4 терористи на ПКК во северен Ирак

АНАКАР (АА) - Турските сили преку воздушни операции неутрализираа 4 терористи на терористичката организација ПКК во местото Гара, во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.

„Како резултат на координативната работа на Турските вооружени сили (ТСК) и националната разузнавачка служба МИТ, преку успешна воздушна операција неутрализирани се 4 терористи на ПКК кои беа откриени во местото Гара, во северниот дел на Ирак“, се вели во соопштението.

Терористите на ПКК се кријат во северен Ирак, близу границата со Турција, и планираат напади врз Турција.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın