Турција

Турскиот претседател Ердоган го доведе во прашање молчењето на Германија за нападите на Израел врз Газа

„Палестинската група Хамас нема ниту бомби ниту нуклеарно оружје, но Израел има“, изјави Ердоган, додавајќи дека Израел ги употребил за да ја нападне Газа вчера

Ekipa  | 30.10.2025 - Обновена : 30.10.2025
Турскиот претседател Ердоган го доведе во прашање молчењето на Германија за нападите на Израел врз Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц остро ги критикуваше постапките на Израел во Газа и ја повика Германија да се придружи во напорите за ставање крај на хуманитарната криза, јавува Анадолу.

Мерц, кој ја формираше новата коалициска Влада на Германија во мај, е во прва посета на турскиот главен град.

„Палестинската група Хамас нема ниту бомби ниту нуклеарно оружје, но Израел има“, изјави Ердоган, додавајќи дека Израел ги употребил за да ја нападне Газа вчера.

„Германија, зар не го гледаш ова?“, запраша тој.

Турскиот лидер рече дека на Мерц му ги пренел ставовите на Анкара за спречување нови злосторства во Газа и ја нагласил поддршката за решение со две држави како пат кон траен мир.

„Исто како што сакаме да заврши војната меѓу Русија и Украина, ние исто така поддржуваме и крај на војната на Израел во Газа“, рече Ердоган.

„Турција и Германија се две клучни земји што можат да се здружат за да го постигнат ова“, додаде тој.

Тој дополнително ги осуди континуираните напади на Израел врз Газа, велејќи: „Израел секогаш се обидувал да ја покори (територијата) преку глад и она што претставува геноцид и тоа продолжува до ден-денес.“

„Треба да го прекинеме геноцидот и намерно предизвиканиот глад (во Газа), со вклучување на германскиот Црвен крст и нашата турска Црвена полумесечина“, додаде тој.

Израел во нападите врз Газа од октомври 2023 година уби над 68.500 луѓе, повеќето жени и деца, а 170.600 се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.