Авганистан и Пакистан го продолжија прекинот на огнот по посредништвото на Турција и Катар
Дополнителните принципи за имплементација ќе бидат дискутирани и финализирани за време на состанокот на високо ниво што ќе се одржи на 6 ноември во Истанбул
 
                ИСТАНБУЛ (АА) - Авганистан и Пакистан денес се согласија да го продолжат прекинот на огнот за време на преговорите со посредство на Турција и Катар, пренесува Анадолу.
Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се вели дека состаноците се одржале од 25 до 30 октомври во Истанбул, со учество на Турција, Катар, Авганистан и Пакистан, за зајакнување на прекинот на огнот договорен во Доха претходно овој месец со посредство на Турција и Катар.
Во соопштението се наведува дека страните постигнале консензус за продолжување на прекинот на огнот.
Се вели дека дополнителните принципи за имплементација ќе бидат дискутирани и финализирани за време на состанокот на високо ниво што ќе се одржи на 6 ноември во Истанбул.
Исто така, се наведува дека страните се согласиле да воспостават механизам за следење и верификација за да се обезбеди одржување на мирот и да се изречат казнени мерки за секоја страна што го прекршува договорот.
Турција и Катар изразија благодарност за конструктивниот придонес на Авганистан и Пакистан во процесот.
Тие ја потврдија својата подготвеност да продолжат да ги поддржуваат напорите за постигнување траен мир и стабилност.
Четириесет и осумчасовниот прекин на огнот објавен на 15 октомври по граничните судири меѓу Пакистан и Авганистан беше продолжен до завршувањето на преговорите во Доха, со поддршка на Турција и Катар.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата. 
             
 
             
                                     
                                     
                                     
                                     
                                    