Турција

Турскиот претседател Ердоган во Истанбул го прими сомалискиот колега Мохамуд

Ердоган го пречека Мохамуд со официјална церемонија во претседателскиот кабинет во Долмабахче во Истанбул

Merve Berker  | 30.12.2025 - Обновена : 30.12.2025
Турскиот претседател Ердоган во Истанбул го прими сомалискиот колега Мохамуд

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул го прими својот сомалиски колега Хасан Шеик Мохамуд, кој по покана престојува во посета на Турција, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

Ердоган го пречека Мохамуд со официјална церемонија во претседателскиот кабинет во Долмабахче во Истанбул, според изворите.

По церемонијата, двајцата лидери одржаа тет-а-тет средба. Не се споделени дополнителни детали во врска со средбата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın