Турскиот претседател Ердоган: Важните чекори на патот кон Турција без тероризам ќе донесат позитивни резултати
- Ердоган посака успех од Бога на патот кон осигурување на „безбедноста на нашата нација, мирот на нашиот народ и воспоставување траен мир во нашиот регион“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека се надева дека важните чекори преземени на патот кон Турција без тероризам „ќе донесат позитивни резултати“, бидејќи група терористи на ПКК денес го положија оружјето, јавува Анадолу.
Во објава на X, Ердоган посака успех од Бога на патот кон осигурување на „безбедноста на нашата нација, мирот на нашиот народ и воспоставување траен мир во нашиот регион“.
Група терористи на ПКК го положија и го уништија своето оружје во покраината Сулејманија, во северниот дел на Ирак.
Триесет терористи, меѓу кои 15 жени, го уништија своето оружје фрлајќи го во голем запален котел.
Во мај, терористичката организација одлучи да се распушти и да го положи оружјето. Соопштението следеше по изјавата во февруари на затворениот водач на ПКК, Абдула Оџалан, кој повика на распуштање на организацијата и нејзините ограноци, повикувајќи на прекин на вооружената кампања што трае повеќе од четири децении.
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кое и деца, жени и стари лица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.