Турција

Туркије: По 22 дена од урнатините од земјотресот извлечено живо куче

„Вистинско чудо е што кучето остана живо под урнатините по толку денови и тоа без храна и вода“

Ufuk Ertop  | 02.03.2023 - Обновена : 03.03.2023
Туркије: По 22 дена од урнатините од земјотресот извлечено живо куче

ХАТАЈ (АА) - Спасувачкиот тим од Хатај, јужна Туркије, вчера пронајде живо куче под урнатините, 22 дена по разорните земјотреси, јавува Анадолу.

Станува збор за сибирска хаска по име Алекс, која мина повеќе од три недели под урнатините во Хатај и е извлечена исцрпена, но жива.

„Вчера добивме повик, сопствениците ни кажаа дека слушнале глас на куче. Иако не беа сигурни, отидовме до урнатините и ми се причини како да слушнав дишење на куче“, изјави Осман Полат, еден од спасувачите, за новинарите.

Како што рече, во урнатините имало мала дупка низ која со рачно ископување дошле до кучето.

„Вистинско чудо е што кучето остана живо под урнатините по толку денови и тоа без храна и вода“, рече спасувачот.

Десетици мачки и кучиња се спасени на ист начин додека спасувачите се обидуваа да стигнат до луѓето заробени под урнатините.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на 6 февруари се искачи на 45.089.

Земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени на 6 февруари погодија 11 турски области: Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Од земјотресите погодени се над 13 милиони луѓе во Туркије, и голем број во северозападна Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.