Турција

Туркије: Историското и туристичко место Фригија во Афјонкарахисар

- Долината со историја стара 3.000 години, привлекува внимание со историските карпести населби, врежаните карпести гробници и самовилските оџаци околу селото Ајазини, долината Гојнус и езерото Емре.

Furkan Abdula  | 13.08.2023 - Обновена : 16.08.2023
Туркије: Историското и туристичко место Фригија во Афјонкарахисар Фото: Berk Özkan/AA

Скопје

Историското и туристичко место Фригија во турската област Афјонкарахисар секоја година пречекува локални и странски туристи, јавува Анадолу.

Долината со историја стара 3.000 години, привлекува внимание со историските карпести населби, врежаните карпести гробници и самовилските оџаци околу селото Ајазини, долината Гојнус и езерото Емре.

Карпестите гробници од римскиот и византискиот период, карпестите населби и замокот Авдалаз со цистерна во која карпестата маса била издлабена во населба, се едни од местата за посетување во регионот.

Историската долина Фригија, која изгледа како природен музеј на отворено, воодушевува со своите бројни гробници врежани во карпите, монументалните споменици и пештерите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın