Турција

Туркије го слави Денот на националниот суверенитет и на детето

- Државниот празник Ден на националниот суверенитет и на детето се одбележува на 23 април, на денот кога во 1920 година е отворено Големото народно собрание на Република Туркије

Büşra Nur Çakmak  | 23.04.2023 - Обновена : 24.04.2023
Туркије го слави Денот на националниот суверенитет и на детето Фото: Ајтач Унал

АНКАРА (АА) - Во Туркије денес се одбележува националниот празник Ден на националниот суверенитет и на детето, а воедно и 103-годишнината од основањето на турскиот Парламент, односно Големото народно собрание на Република Туркије, известува Анадолу.

Еден од најважните национални празници на Туркије традиционално се одбележува со бројни манифестации на кои учествуваат деца од земјата и од странство.

Министерот за образование, Махмут Озер, го започна денот заедно со група деца во посета на Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк (Аниткабир) во Анкара.

Турскиот народ има „верба и доверба во нашите деца, на кои ќе им ја довериме нашата света татковина“, рече Озер.

Државниот празник Ден на националниот суверенитет и на детето се одбележува на 23 април, на денот кога во 1920 година е отворено Големото народно собрание на Република Туркије.

На денешен ден 1924 година одлучено е денот на основањето на Големото народно собрание на Република Туркије да се одбележува како државен празник. Пет години подоцна, на 23 април 1929 година овој празник им е даруван на децата.

Од 1929 година се одбележува како Ден на националниот суверенитет и воедно како Ден на детето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.