Турција

Трилатерален Самит во Анкара: „Се наоѓаме пред договор за трајно политичко решение за Сирија“

„Платформата Астана е единствената иницијатива која може да произведе ефективни решенија и да преземе конкретни чекори за гаснење на огнот во Сирија“

16.09.2019 - Обновена : 16.09.2019
Трилатерален Самит во Анкара: „Се наоѓаме пред договор за трајно политичко решение за Сирија“

АНКАРА (АА) - Во Анкара заврши трилатералниот Самит за Сирија помеѓу лидерите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).

По Самитот тројцата лидери одржаа заедничка прес-конференција на која беа истакнати заклучоците од самитот.

„Се наоѓаме пред еден целосен договор за изнаоѓање на едно трајно политичко решение за конфликтот во Сирија со кое ќе се зачувува политичкото единство и териториајлниот интегритет на Сирија и ќе се одржи мирот на теренот“, нагласи турскиот претседател Ердоган.

Тој подвлече дека Процесот во Астана е од големо значење за решавање на кризата во Сирија.

„Платформата Астана е единствената иницијатива која може да произведе ефективни решенија и да преземе конкретни чекори за гаснење на огнот во Сирија.“

Тој го потенцираше значењето на денешниот Самитот во Анкара: „Убеден сум дека Самитот во Анкара ќе му даде нов здив на мировниот процес во Астана,“ рече Ердоган.

Ердоган нагласи дека секој од своја страна треаба да го даде својот придонес кон решавањетона сириското прашање.

„За обезбедување мир во Сирија потребно е да преземеме поголема одговорност врз себе, се наоѓаме во период во кој раката треба повеќе да ја ставиме под каменот“.

Турскиот претседател осврнувајќи се на трилатералните самити за Сирија рече: „Заеднички ќе ги пренесуваме нашите напори во наредната фаза, откако ќе го исушиме терористичкото мочуриште источно од Еуфрат.“

За поддршката што Турција одсекогаш ѝ ја пружала на Сирија, претседателот Ердоган рече:

„Нашата земја застана покрај сирискиот народ во нивниот најтежок и најпроблематичен период.“

- Путин: „Турција, Русија и Иран ги удрија темелите за трајно решение во Сирија“ -

На прес-конференцијата по трилатералниот Самит свое обраќање имаше и претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Загрижувачка е ситуацијата во североисточниот дел на Сирија. Решавањето на тамошните безбедносни проблеми е во основата на зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија,“ рече Путин.

Осврнувајќи се на значењето на трилатералните состаноци за изнаоѓање решение за Сирија, Путин истакна „Турција, Русија и Иран ги удрија темелите за трајно решение во Сирија.“

Тој нагласи сè додека Русија, Турција и Иран се гаранти за Процесот во Астана, тоа е механизам кој дава најефикасен придонес за процесот на изнаоѓање решение за Сирија.

Рускиот претседател Путин рече дека со заеднички напори намалено е нивото на насилството во Сирија.

- Рохани: „САД се обидоа да ја поделат Сирија“ -

Иранскиот претседател Хасан Рохани на прес-конференцијата по трилатералната средба изјави дека Иран верува оти кризата во Сирија може да се реши само по политички пат, и дека тоа ќе се случи со учество на сирискиот народ.

Рохани се осврна на присуството на американските војници во Сирија, кое го нарече нелегитимно.

„Присуството на американските војници во Сирија е нелегитимно и потребно е американските сили што поскоро да го напуштат регионот,“ порача Рохани.

 Тој го потенцираше негативното влијание на американските сили во Сирија, и целите што САД ги имаат во таа земја.

„САД ги поддржуваат терористите во Сирија, се обидоа да ја поделат Сирија. Тоа е неприфатливо.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.