Мигранти кои од Грција присилно беа вратени во Турција, го раскажаа преживеаното
„Турските војници нѐ спасија и многу добро се однесуваа кон нас. Ни дадоа да јадеме, и сѐ останато што ни беше потребно. Господ да ја благослови Турција.“

ЕДРЕНЕ (АА) – ХАКАН ШАХИН –
Египетските државјани Ахмет Џума и Велит Џемал се меѓу 252-та нерегуларни мигранти, кои од страна на грчките војници присилно беа вратени во Турција. Мигрантите за Anadolu Agency (AA) говореа за нивното преживеано искуство.
Нерегуларните мигранти, кои присилно се протерани од страна на Грција, пред три дена беа фатени во близина на турскиот граничен премин Капикуле.
Од очите на нерегуларните мигранти протекуваа солзи кога раскажуваа за нивните искуства при протерувањето.
Тие побараа Европа да го види кршењето на човековите права и да интервенира.
Египетскиот државјанин Ахмед Џума истакна дека откако заминал за Грција бил фатен од грчките војници.
Раскажа дека грчките војници ги третирале многу лошо и дека некои мигранти од групата ги удирале со боксови и стапови. „Ги зедоа нашите лекови, пари и телефони од нашите торби. Нѐ третираа многу лошо. Потоа ме удрија со бокс по лицето, очите ми станаа модри. Некои мои другари ги тепаа со железни шипки.“
- „Господ да ја благослови Турција“ -
Египќанецот Велит Џемал, раскажа дека откако биле уапсени во Грција, биле однесени во полициска станица каде што им биле одземени сите нивни предмети.
Џемал, раскажувајќи дека во полициската станица бил удиран од страна на грчките безбедносни сили, додаде:
„Бев болен, користев лекови. Не можев да ги користам лековите бидејќи ми ја зедоа торбата. Кога ги побарав лековите, ме тепаа. Во полициската станица останавме два дена, гладни и жедни. Потоа нѐ однесоа на реката Мерич (Еврос). Откако нѐ тепаа, нѐ фрлија во реката. Бидејќи не беше многу длабоко, преминавме на турската страна. Дојдоа турските војници, нѐ спасија и многу добро се однесуваа кон нас. Нѐ однесоа во управата за миграции. Ни дадоа да јадеме, и сѐ останато што ни беше потребно. Господ да ја благослови Турција.“
- Во последните две години 37.271 нерегуларен мигрант се вратени назад -
Граничните единици на Грција, 252-та нерегуларни мигранти, кои пред три дена ги фатиле во близина на граничниот премин Капикуле, спротивно на меѓународните договори, преку реката Мерич, присилно ги вратиле во Турција. Со овој најнов настан повторно на дневен ред дојдоа тврдењата дека Грција со присилното враќање на нерегуларните мигранти ги прекршува меѓународните конвенции.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција од 27 октомври, се реагираше на овие незаконски постапки. Исто така се наведува дека Грција нерегуларните мигранти од копно и море ги враќа во Турција и дека тоа е во спротивност со меѓународното право.
„Грција, наместо да ги негира постапките кои се во спротивност со меѓународното право, треба да ги поправи овие постапки“, се вели во соопштението на турското Министерство, и се додава дека во 2018 година 11.867 мигранти се вратени од Грција во Турција, а во првите десет месеци од оваа година бројката изнесува 25.404.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.