Кучe спасено од урнатините по силниот земјотрес во Турција
- Силниот земјотрес предизвика значителна материјална штета во регионот, а спасувачите и волонтерите неуморно работат на пребарување на погодените објекти

СКОПЈЕ (АА) – Куче по име Атеш, чиешто име на турски значи „оган“, е спасено и доби ветеринарен третман, откако останало заробено под урнатините на зграда во турската област Баликесир по земјотресот со магнитуда од 6,1 степен, јавува Анадолу.
Животното претрпело тешки повреди, меѓу кои и скршеници на двете предни нозе, откако врз него паднале делови од оштетената градба.
Благодарение на брзата реакција на спасувачките екипи, Атеш е извлечен и веднаш пренесен во ветеринарна клиника, каде што му е укажана неопходната медицинска помош.
Силниот земјотрес предизвика значителна материјална штета во регионот, а спасувачите и волонтерите неуморно работат на пребарување на погодените објекти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.