Турција

Коњите - дел од културното наследство во Кападокија

- Кападокија, во централната турска област Невшехир, е позната по уникатните карпести формации, историските подземни градови и црквите во пештерите, но и по вековната поврзаност со коњите.

Aida Cako  | 17.07.2025 - Обновена : 17.07.2025
Коњите - дел од културното наследство во Кападокија

СКОПЈЕ (АА) – Во Кападокија каде што небото е украсено со балони и сѐ изгледа величествено, коњите и денес остануваат важен симбол на културното и природното наследство на областа, јавува Анадолу.

Кападокија, во централната турска област Невшехир, е позната по уникатните карпести формации, историските подземни градови и црквите во пештерите, но и по вековната поврзаност со коњите.

Името Кападокија потекнува од старо персиското катпатука, што значи земја на убави коњи, а тоа сведочи за значењето на овие животни уште од античко време.

И денес посетителите што пристигнуваат во овој туристички бисер имаат можност да ја доживеат магијата на Кападокија од седлото на коњ.

Организираните јавачки тури низ широките долини им овозможуваат на туристите да ги истражат природните убавини на регионот на поинаков начин.

Најпосетени се турите во утринските и вечерните часови, кога сонцето создава спектакуларна игра на светлина и сенка врз карпестите структури.

Покрај авантуристичкото доживување, овие активности имаат и културна димензија – потсетник на древната врска помеѓу човекот и коњот на овој простор што опстојува и се негува до денес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın