Турција

Истанбул ќе биде домаќин на 3. Mеѓународен симпозиум за семејство на тема „Да се ​​биде семејство во 21 век“

„На Симпозиумот ќе се сретнат водечки претставници на академската фела, експерти и професионалци од Турција и од светот, кои ќе дискутираат за глобалните предизвици со кои се соочува семејството...“

Gizem Nisa Çebi  | 27.05.2025 - Обновена : 28.05.2025
Истанбул ќе биде домаќин на 3. Mеѓународен симпозиум за семејство на тема „Да се ​​биде семејство во 21 век“

ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулската фондација за семејство, во соработка со Министерството за семејство и социјални услуги на Турција, ќе го организира 3. Меѓународен симпозиум за семејство на тема „Да се ​​биде семејство во 21 век“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај во Истанбул, јавува Анадолу.

Основана во 2020 година со слоганот „Семејството е темелот на цивилизацијата“, фондацијата се етаблира како важна граѓанска организација која се залага за заживување на традиционалниот модел на семејство, втемелен на моралните вредности, човековата природа и културното наследство на Турција.

„Оваа година, на Симпозиумот ќе се сретнат водечки претставници на академската фела, експерти и професионалци од Турција и од светот, кои ќе дискутираат за глобалните предизвици со кои се соочува семејството, ќе понудат иновативни решенија и ќе ја потенцираат улогата на семејството во одржливиот општествен развој“, соопштија од фондацијата.

Дводневниот настан ќе се одржи на Островот на Демократијата и Слободите (Јасиада) и ќе вклучи академски панели, јавни дискусии и културни активности.

На учесниците ќе им биде понудена и водена тура низ музејот на Јасиада, освежување и сертификат за учество, сето тоа бесплатно за регистрираните учесници. Ќе има и симултан превод на англиски и арапски јазик.

Бродовите до островот ќе тргнуваат од пристаништето Бостанџи, на 30 мај во 12:00 часот, и на 31 мај во 9:00 часот.

Од своето основање досега, фондацијата има спроведено бројни иницијативи како центри за семејно советување, меѓународни симпозиуми, Аиле ТВ, весникот Аиле, извештаи, конференции, како и голем број едукативни и истражувачки програми насочени кон зајакнување на семејните вредности во современото општество.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.