Турција

Знамињата на либиската Амбасада во Анкара спуштени на половина копје по трагичната авионска несреќа

- Либија прогласи тридневна национална жалост откако авионот од типот „Фалкон 50“ се урна по полетувањето од аеродромот „Есенбога“ во Анкара на пат кон Триполи, либискиот главен град.

Sercan İrkin  | 24.12.2025 - Обновена : 25.12.2025
Знамињата на либиската Амбасада во Анкара спуштени на половина копје по трагичната авионска несреќа Utku Uçrak/AA

ИСТАНБУЛ (АА) – Амбасадата на Либија во турскиот главен град Анкара ги спушти знамињата на половина копје денес по авионската несреќа во која загина началникот на либискиот Генералштаб, генерал Мохамед Али ал-Хадад, заедно со четворица членови на неговата делегација и тројца членови на екипажот, јавува Анадолу.

Либија прогласи тридневна национална жалост откако авионот од типот „Фалкон 50“ се урна по полетувањето од аеродромот „Есенбога“ во Анкара на пат кон Триполи, либискиот главен град.

Авионот е пронајден околу 2 километри јужно од Кешикавак во областа Хајмана во Анкара.

Операциите за пребарување продолжија во текот на ноќта и покрај обилните дождови и маглата, а службените лица ги следат напорите од мобилен координативен центар формиран од Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın