Започнува одбројувањето до првата мисија на турскиот брод за сондажа „Абдулхамид Хан“
Бродот е еден од петте брода од седмата генерација во светот, со максимална длабочина на дупчење од 12.200 метри

ИСТАНБУЛ (АА) - Одбројувањето до првата мисија на турскиот брод за сондажа „Абдулхамид Хан“, кој на 9 август испловува од пристанишниот град Мерсин до својата дестинација во Средоземното Море, започна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„„Абдулхамид Хан“ ќе биде подложен на финални контроли пред да го започне своето патување од пристаништето Мерсин Ташуџу во Средоземното Море“, потврди Турската нафтена корпорација во објава на Твитер.
Четвртиот брод за сондажа во турската флота, составена од бродовите „Фатих“, „Кануни“ и „Јавуз“, има капацитет од 200 лица екипаж.
Бродот е еден од петте брода од седмата генерација во светот, со максимална длабочина на дупчење од 12.200 метри.
Долг е 238 метри, има широчина од 42 метри, висината на кулата изнесува 104 метри, а тежи 68.000 бруто-тони.