Турција

Ердоган: „Хафтар е платен легионер, а не легитимен претставник“

Турскиот претседател се осврна на случувањата во сириски Идлиб, напоменувајќи дека денеска попладне за тоа прашање телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин

Güç Gönel, Emin İleri  | 21.02.2020 - Обновена : 22.02.2020
Ердоган: „Хафтар е платен легионер, а не легитимен претставник“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека лидерот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, не е соговорник на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Хафтар е платен легионер, а не легитимен претставник. Тој е илегален и нелегитимен“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.

Тој се осврна и на случувањата во сириски Идлиб, напоменувајќи дека денеска попладне за тоа прашање телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„Резултатот од овој разговор ќе го одреди нашиот став околу Идлиб. Доколку режимот во овој момент не го запре насилството врз населението на Идлиб, нема говор за повлекување. Само така можеме да постигнеме примирје“, изјави Ердоган.

Тој се осврна дека во Идлиб, според последните случувања, се неутрализирани околу 150 припадници на сирискиот режим и дека е уништено значајно количество оружје и опрема на режимските сили.

Идлиб е најголемо упориште на сириската опозиција, каде што во моментот се наоѓаат речиси 4 милиони жители. Тоа е двојно поголема популација од онаа што ја имаше Идлиб пред почетокот на војната во Сирија.

Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб е прогласен за деескалациска зона, како и регионите Хомс, Источна Гута и Дера Кунејтра.

Меѓутоа, режимските сили на Асад го искористија воспоставеното примирје и со поддршка на руските воздушни сили ги зазедоа сите три региони, додека Идлиб остана под контрола на опозицијата. Стотици илјади цивили од тие региони побегнаа во Идлиб и тоа во регионите на самата сириско-турска граница.

Во Сочи на 17 септември 2018 година е постигнат додатен договор за прекин на судирите во Идлиб. Согласно договорот, опозициските сили наредниот месец го повлекоа тешкото вооружување од Идлиб, а силите лојални на режимот на Асад набрзо продолжија со артилериските и воздушните напади во кои досега се убиени повеќе од 1.800 цивили.

Од јануари 2019 година од Идлиб во регионите на сириско-турската граница побегнаа повеќе од 1.677.000 цивили.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın