Efsa Çağla Yavuz,Neriman Senanur Torun
25 Декември 2025•Ажурирај: 26 Декември 2025
АНКАРА (АА) - Шефот на либискиот Оддел за кривични истраги, генерал-мајор Махмуд Ашур, заедно со придружната делегација денес ја посети канцеларијата на главниот јавен обвинител во Анкара, додека продолжува заедничката истрага за авионската несреќа што се случи во вторникот во која загина началникот на либиската армија, јавува Анадолу.
„Главниот јавен обвинител Ѓокан Каракосе, заменик-главните обвинители и јавните обвинители назначени за истрагата ја информираа либиската делегација за тековната истрага“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Во соопштението се додава дека двете земји ја потврдиле својата подготвеност и решителност да работат заедно на истрагата и дека информациите може да се споделат во рамките на процедурите предвидени со релевантното законодавство.