Турција

Ердоган оствари телефонски разговор со британскиот премиер Џонсон

Двајцата лидери разговараa за прашања од областа на трговијата, туризмот, одбраната, земјоделството, инвестициите, за борбата против коронавирусот, како и за дополнително зајакнување на односите

Zafer Fatih Beyaz   | 08.03.2021
Ердоган оствари телефонски разговор со британскиот премиер Џонсон

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што се наведува во соопштението на Кабинетот на турскиот претседател, двајцата лидери разговарале за прашања од областа на трговијата, туризмот, одбраната, земјоделството, инвестициите, за борбата против коронавирусот, како и за дополнително зајакнување на односите меѓу Турција и Велика Британија и други регионални прашања.

Ердоган истакнал дека Турција е подготвена да биде домаќин на Турско-британскиот форум Татлидил во втората половина на оваа година, доколку тоа го дозволат условите на пандемијата.

Тој исто така изразил надеж дека туристичката сезона ќе започне непречено и безбедно уште во април.

Ердоган нагласил дека потпишувањето на Договорот за слободна трговија на 29 декември 2020 година претставува нова пресвртница во односите помеѓу двете земји, додавајќи дека чекорите што ќе се преземат во тој контекст ќе овозможат постигнување на целта за трговска размена од 20 милијарди долари.

Напомена дека Турција ги поздравува напорите на Велика Британија кои ги презема во последно време за кипарското прашање. Додаде дека дводржавното решение би било добро не само за двете страни на островот, туку и во смисла на нови можности за регионална соработка.

Турскиот претседател истакна дека Турција зазема конструктивен став по прашањето на Источниот Медитеран и Егејското Море, како и во врска со кипарското прашање, напоменувајќи дека одлучно ќе продолжи да се залага за разумен став и да одржувањето на технички разговори и покрај провокативните активности и реторика на Грција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın